Генералниот директор на Фолксваген Оливер Блуме најави значајно намалување на прозиводните капацитети на компанија за уште милион возила, откако призна дека претходните планови за продажба станале нереални во актуелните пазарни околности.

Компанијата претходно ги намали капацитетите за прозиводство во Кина за милион автомобили годишно, додека во Европа, во брендовите Фолксвахен и Ауди, дополнителното намалување од уште милион возила би требало да биде спроведено до 2028 година.

Блуме соопшти дека од актуелните капацитети за производство на 12 милиони возила годишно, Фолксваген ќе дојде на одржливи 9 милиони возила годишно. Тој потсети дека од пандемијата со корона вирусот компанијата продава околу 9 милиони автомобили годишно.

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран