Бразилски Фламенго се пласираше во полуфиналето на Интерконтиненталниот куп откако го победи мексиканскиот претставник Круз Азул со 2:1 во четвртфиналето играно во во Ал Раијан.

Натпреварот се одигра пред само 7.000 гледачи на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Раијан, кој инаку има капацитет од 45.000.

 

Фламенго поведе во 15. минута со голот на Џорџијано Де Араскаете, Хорхе Санчез израмни во 41. минута, а Де Араскаете ја донесе победата на бразилскиот тим постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот во 71. минута.

Фламенго ќе игра во полуфиналето, на 13 декември, на истиот стадион против египетскиот клуб Пирамидс. Инаку, актуелниот африкански шампион го победи фаворизираниот саудиски Ал-Ахли со 3:1 во четвртфиналето играни на 23 септември.

Победникот од бразилско-египетската пресметка ќе се пласира во финалето, каде што ќе се соочи со ланскиот победник во европската Лига на шампионите, Париз Сен Жермен, на 17 декември.

Интерконтиненталниот куп на ФИФА е годишно клупско натпреварување организирано од ФИФА и во кое учествуваат актуелните шампиони на сите шест конфедерации (УЕФА, КОНМЕБОЛ, КОНКАКАФ, АФЦ, КАФ, ОФЦ), при што европскиот шампион директно се квалификува за финалето, додека другите играат во меѓуконфедерациски плејоф натпревари за да се одреди предизвикувачот за финалето.

globe

Слични новости

Милан го нуди Нкунку за Левандовски

Милан го нуди Нкунку за Левандовски

Милан во претстојниот зимки преоден рок за фудбалерите ќе инсистира да ја зајакне напаѓачката линија на својот тим, а судејќи според написите во италијанските медиуми

Спарс и Тандер во полуфиналето на НБА Купот

Спарс и Тандер во полуфиналето на НБА Купот

Сан Антонио Спарс синоќа ги победија Лос Анџелес Лејкерс во четвртфиналето на НБА Купот, а во полуфиналето ќе играат против Оклахома Сити Тандер, кои беа подобри од Феникс Санс