Бразилски Фламенго се пласираше во полуфиналето на Интерконтиненталниот куп откако го победи мексиканскиот претставник Круз Азул со 2:1 во четвртфиналето играно во во Ал Раијан.
Натпреварот се одигра пред само 7.000 гледачи на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Раијан, кој инаку има капацитет од 45.000.
Фламенго поведе во 15. минута со голот на Џорџијано Де Араскаете, Хорхе Санчез израмни во 41. минута, а Де Араскаете ја донесе победата на бразилскиот тим постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот во 71. минута.
Фламенго ќе игра во полуфиналето, на 13 декември, на истиот стадион против египетскиот клуб Пирамидс. Инаку, актуелниот африкански шампион го победи фаворизираниот саудиски Ал-Ахли со 3:1 во четвртфиналето играни на 23 септември.
Победникот од бразилско-египетската пресметка ќе се пласира во финалето, каде што ќе се соочи со ланскиот победник во европската Лига на шампионите, Париз Сен Жермен, на 17 декември.
Интерконтиненталниот куп на ФИФА е годишно клупско натпреварување организирано од ФИФА и во кое учествуваат актуелните шампиони на сите шест конфедерации (УЕФА, КОНМЕБОЛ, КОНКАКАФ, АФЦ, КАФ, ОФЦ), при што европскиот шампион директно се квалификува за финалето, додека другите играат во меѓуконфедерациски плејоф натпревари за да се одреди предизвикувачот за финалето.
Слични новости
ЛШ: Прва победа на Ајакс, Арсенал максимален
Во дербито на шестото коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, пробивајќи се на четвртото место на табелата, а лидерот Арсенал ја забележа својата шеста победа откако го победи Клуб Бриж со 3:0 на гости
Сити победи во Мадрид против Реал, Чаби Алонсо пред отказ
По поразот од Селта во неделата и вечерашниот пораз од Манчестер сити, големи се шансите Реал Мадрид да го смени тренерот Чаби Алонсо.
Орландо со пресврт против Мајами
Орландо Меџик и Њујорк Никс се тимовите кои ќе се борат за место во Источната конференција во финалето на НБА Купот, откако ги победија Мајами Хит и Торонто Репторс во четвртфиналето


