Продолжението на хитот „Social Network“ на сценаристот и режисерот Алан Соркин „ Social Reckoning“ доживеа фијаско на Бокс офисот со заработка од само 5,5 милиони долари во САД на премиерниот викенд. Во филмот кој е трилер фокусиран на социјалните мрежи и Фејсбук играат Мајки Медисон, Џереми Ален Вајт и Џереми Стронг.

Филмот имаше буџет од 30 милиони долари, а доби солидна оценка Б минус од гледачите. Оригиналниот „Social Network“ му донесе Оскар за сценарио на Арон Соркин, но тој сега го замени режисерот Дејвид Финчер.

Улогата на оснивачот на Фејсбук Марк Цукерберг во новиот филм му припадна на Џереми Стронг кој стекна светска слава во серијата „Наследници“.

Слични новости

„Avengers : Endgame“ ја презеде првата позиција на глобалниот Бокс офис на сите времиња од Аватар

„Avengers : Endgame“ ја презеде првата позиција на глобалниот Бокс офис на сите времиња од Аватар

Филмот на студиото Дизни „Avengers : Endgame“ кој втора недела се реприкажува на Бокс офисот во овие две недели го претекна Аватар на Џејмс Камерон на глобалната листа на Бокс офисот на сите времиња.