Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ниво „ББ+” со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти Министерството за финансии.

Во најновиот извештај „Фич” констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија.

Дополнителен потенцијал за повисок раст на среден рок Агенцијата препознава во продолжувањето на инфраструктурните проекти и спроведувањето на реформите во рамки на инструментите на Европската Унија.

 

 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи