Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 селекции за да ја одбележи стогодишнината од спортскиот настан, објави во четвртокот весникот The New Yokr Times, ненаведувајќи извор.
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Шпанија и Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај, кои беа домаќини на првото издание, ќе бидат домаќини на три натпреварa.

Претходниот формат на Светското првенство од 32 селекции веќе е проширен на 48 селекции за следното издание, чии домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Во написот на NYT се наведува дека на крајот од состанокот бил претставен предлогот на уругвајскиот делегат Игнасио Алонсо форматот да биде проширен на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030 година. Според неименуван извор, предлогот бил дочекан со „запрепастен молк“ од присутните.
Во написот се додава дека, според три лица кои присуствувале на состанокот, „ФИФА најверојатно ќе се води од финансиските и политичките придобивки, исто колку и од спортските, при одлучувањето за предлогот“.
„(Претседателот на ФИФА) Господинот Инфантино… го опиша предлогот како интересен и достоен за поблиска анализа“, објави The News York Times, што го потврдија „четири лица директно запознаени со дискусиите“.
Слични новости
Арсенал се откажа од борбата за титулата
Тренерот на Арсенал Микел Артета кој на вчерашниот напревар со Манчестер Јунајтед по 200 пат водеше екипа во Премиер лигата, нема големи причини за прослава на јубилејот, откако стана јасно дека Арсенал уште една сезона нема да може да стигне до титулата.
Клиперси го победија Сакраменто по продолженија 111:110
Кошаркарите на ЛА Клиперс утринава на свој терен по продолженија го победија Сакраменто со резултат 111:110. Најефикасни во екипата на Клиперс беа Џејмс Хардen со 29 коша и 11 асистенции, а Ивица Зубац постигна 22 коша и 14 скокови.
Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении
Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Јувентус на домашен терен во последните 60 години. Во дербито од 28. коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта го понижи Јувентус со 4:0 во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби