Меѓународната фудбалска федерација ФИФА денес го отпушти својот оперативен директор Кевин Ламур, откако ги критикуваше плановите на претседателот на ФИФА Џани Инфантино да продаде дел од натпреварувањата на приватни инвеститори.
Портпаролот на ФИФА изјави дека „работниот однос меѓу Кевин Ламур и ФИФА е окончан на 17 август 2026. ФИФА му благодари на Ламур за двете години служба и му поскаува среќа во иднината. За ова прашње ФИФА натаму нема да коментира“.
Ламур на 31 јули изјави дека вработените во ФИФА биле измамени затоа што Инфантино не бил отворен во врска со планирањето проекти со приватни инвеститори за продажба на дел од натпреварувањата и дека такви планови не смее да се реализираат.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
