Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.
Во иделаните 11, за надобар голман е избран Возиња од Зеленортските острови а во одбраната Педро Поро, Дајо Упамекано, Лисандро Мартинез и Марк Кукуреља.
Средниот ред го сочинуваат Џуд Белингам, Родри и Мајкл Олисе.
Во тројката од нападот се Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Слични новости
Арсенал со победа од 3:0 против Ковентри тргна во одбрана на титулата на стартот на Премиер лигата
Арсенал поведе уште во 15-тата минута со голот на Хаверц, а во 23-тата минута веќе беше 2:0 со гол на Сака. На почетокот на второто полувреме во листата на стрелци за Арсенал се впиша и Одегард, а до крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, откако се беше решено.
Интер сака да го купи крилото на Арсенал Мартинели
Интер сака да го ангажира и крилото на Арсенал и на бразилската репрезентација Габриел Мартинели, кој сезонава доколку остане во Лондон ќе му биде резерва на Гркот Христот Цолис кој дојде во Арсенал од Бриж.
Ференцварош го победи Трабзон, Бенфика подобра од Архус
Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.