Фудбалерите на Фиорентина пред своите гледачи го совладаа Интер со 3:0 во последниот натпревар од 14. коло во италијанската Серија А, што беше трета првенствена победа во низа за клубот од Фиренца.
На првиот ден од декември минатата година, овие две екипи го започнаа натпреварот од 14. коло, но во 17. минута при резултат 0:0, Едоардо Бове, играчот на Рома на позајмица во Фиренца, колабираше на теренот. Натпреварот поради тоа беше прекинат и продолжи овој четврток кога Бове беше на клупата за резерви играчи на домашната екипа, но сѐ уште не е подготвен да се врати на теренот.

Фиорентина сосема заслужено го совлада актуелниот италијански шампион бидејќи беше подобра во голем дел од натпреварот. Во првото полувреме Кин и Додо пропуштија две одлични шанси за домашните.
Интер беше скршен во вториот дел, во рок од десет минути. Најпрво Раниери погоди прекрасно по корнер од десет метри во 59. минута, додека во 68. минута беше 2:0 кога Кин имаше прецизен удар со глава, по одличната асистенција на Бразилецот Додо. Сето тоа заврши во 89. минута кога Мојз Кин ја искористи грешката на противникот и го постигна својот втор гол за конечните 3:0.
Фиорентина сега има 42 бода и се искачи на четвртото место на табелата. Интер остана втор со три бода помалку од лидерот Наполи.
Слични новости
Головите на Мбапе го вратија Реал на врвот
фудбалерите на Реал Мадрид успешно го одработија гостувањето кај Виљареал каде што забележаа победа од 2:1
Нов кикс на Манчестер сити на домашен терен
Манчестер сити попладнево одигра 2:2 со тимот на Брајтон и дополнително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампоините. Домаќините на два пати водеа во текот на мечот, но гостите од Брајтон два пати успејаа да изедначат.
Денвер неочекувано тешко ги победи ослабените Лејкерс со 131:126
Денвер Нагетс утринава ги победија Лејкрес со резултат 131:126 многу потешко од што се очекуваше. Лејкерс водеа до пред самиот крај на натпреварот, кој заврши со серија од 8:0 за Денвер