Финскиот претседател Александер Стуб пристигна во сабота во ненајавена посета на САД, каде што се сретна со претседателот Доналд Трамп, со кого, меѓу другото, разговараше и за зајакнување на билатералното партнерство меѓу двете земји, а двајцата претседатели одиграа и голф.

„Претседателот Стуб и јас со нетрпение очекуваме да го зајакнеме партнерството меѓу Соединетите држави и Финска, вклучително и купувањето и развојот на голем број на многу потребни мразокршачи за Соединетите држави и обезбедувањето мир и меѓународна безбедност за нашите земји и светот“, напиша Трамп во објавата на социјалната мрежа Truth Social.

Двајцата претседатели се сретнаа на појадок по локално време, одиграа голф, а потоа заедно ручаа. Тие разговараа за прашања поврзани со надворешната политика, вклучувајќи го и прашањето за Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана со Стаб во Хелсинки минатата седмица.

 

Во соопштението од кабинетот на финскиот претседател се вели дека ненајавената посета на Стуб на Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида во Вест Палм Бич била неформална.

Финска е водечки светски производител на мразокршачи, надвор од Русија. Околу 80 отсто од таквите бродови биле дизајнирани од фински компании, а околу 60 отсто биле изградени во фински бродоградилишта. Сепак, не станува збор за некоја исклучителна бројка за каква се заинтересирани САД.

Во ноември 2024 година, канадската, финската и американската администрација на поранешниот претседател Џо Бајден потпишаа договор наречен Напор за соработка со мразокршачите (ICE), кој подразбира „заедничка работа за развој на арктички и поларни мразокршачи од светска класа преку размена на знаење, информации и ресурси“.

Стуб пред неговата посета на Флорида рече дека се надева дека ќе игра голф со Трамп и дека „мразокршачката дипломатија“ може да ѝ помогне на Финска да одржи добри односи со САД и Трамп.

Финска ја дели најдолгата граница на Европската унија со Русија. Откако Русија ја нападна Украина, земјата, по повеќедецениско воено неутралност, направи промена во надворешната политика, одлучувајќи експресно да влезе во НАТО заедно со Шведска.

Честите критики на Трамп кон сојузниците во НАТО и неговиот чекор кон нормализирање на односите со Русија ги поттикнуваат некои европски земји да ги зголемат сопствените трошоци за одбрана, забележува Reuters.

globe

Слични новости

Ле Пен ветува борба „до крај“ и покрај елиминирањето од претседателската трка

Ле Пен ветува борба „до крај“ и покрај елиминирањето од претседателската трка

Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства до ЕУ наменети за нејзините помошници, кои според пресудата биле пренаменети во нејзината партија, и осудена на петгодишна забрана за вршење јавни должности

Близок соработник на Нетанјаху уапсени поради врски со Катар

Близок соработник на Нетанјаху уапсени поради врски со Катар

Израелската полиција објави во понеделникот дека во рамките на истрагата за примање мито од Катар уапсени се две лица, од кои едното, како што потврди партијата Ликуд, е близок партиски соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху

Телата на палестински болничари извлечени од плитка гробница во песокот на Газа

Телата на палестински болничари извлечени од плитка гробница во песокот на Газа

Телата на осумте болничари од Црвената полумесечина и уште неколку палестински спасувачи, кои се најдоа под израелски оган пред повеќе од една седмица, се извлечени од гробница во песокот во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија во понеделник официјални лица на Обединетите нации