Финска веќе осма година по ред е прогласена за најсреќна земја на светот, објави денеска универзитетот во Оксфорд.

Според таканаречениот „извештај за среќата“ од 2025, листата на најсреќни земји ја предводат скандинавските држави.

Прва е Финска, втора е Данска, а трет е Исланд.

Од земјите на поранешна Југославија Македонија е на најлошото 86-то место. Србија е на 31-во место, Босна и Херцеговина на 56, Црна Гора на 71, а Хрватска на 72-ро место.

Критериумот за пласман на листата се одговори на прашањата кај населението како ги оценуваат нивните животи, дали имаат позитивни или негативни емоции, дали се слободни, колку е просечниот животен век, колкаво е нивото на корупција итн.

Најнесреќна држава според ова истражување е Авганистан. Следат Сиера Леоне и Либан.

Слични новости

Вил Смит го објави албумот „Базирано на вистинска приказна“

Вил Смит го објави албумот „Базирано на вистинска приказна“

Вил Смит објави нов албум, негова прва плоча по 20 години пауза од албумот „Загубено и најдено“ во 2005. Албумот на познатиот актер и хип-хоп пејач „Базирано на вистинска приказна“ вклучува соработка на Вил Смит со Ди Џеј Џези, Тејана Тејлор, Џојнер Лукас, како и со неговиот син Џејнден Смит.