Финска веќе осма година по ред е прогласена за најсреќна земја на светот, објави денеска универзитетот во Оксфорд.
Според таканаречениот „извештај за среќата“ од 2025, листата на најсреќни земји ја предводат скандинавските држави.
Прва е Финска, втора е Данска, а трет е Исланд.

Од земјите на поранешна Југославија Македонија е на најлошото 86-то место. Србија е на 31-во место, Босна и Херцеговина на 56, Црна Гора на 71, а Хрватска на 72-ро место.
Критериумот за пласман на листата се одговори на прашањата кај населението како ги оценуваат нивните животи, дали имаат позитивни или негативни емоции, дали се слободни, колку е просечниот животен век, колкаво е нивото на корупција итн.
Најнесреќна држава според ова истражување е Авганистан. Следат Сиера Леоне и Либан.
Слични новости
Премиерата на Алто Најтс на Бари Левинсон со Роберт Де Ниро потона на Бокс офисот
Станува збор за големо разочарување за Ворнер Брос во кој двојната главна улога на познатите гангстери Вито Џеновезе и Франк Костело ја игра Роберт Де Ниро.
Заврши снимањето на војната на розите со Бенедикт Камбербач и Оливија Колман
Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.
Јутјуб најгледан кај дистрибутерите на телевизиски контент во САД
Интересен е фактот што Јутјуб го зазеде првото место поради изненадувачкиот пораст на популација над 50 години која гледа Јутјуб, која ги надмина по гледаност луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години.