Една седмица пред предвремените парламентарни избори во Германија, сѐ поверојатна е победата на Унијата CDU/CSU и демохристијанскиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц, додека кратката изборна кампања дополнително ја подели нацијата, особено околу прашањето за миграцијата.
Во речиси сите репрезентативни анкети, CDU/CSU со седмици има поддршка од околу 30 проценти. Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) е на второто место со поддршка од 20 отсто. На третото и четвртото место со околу 15 отсто се Социјалдемократската партија на Германија (SPD) на канцеларот Олаф Шолц и Партијата на зелените.
Влезот во парламентот е неизвесен за партијата Левица, Либерално-демократската партија (FDP), која беше во последната влада, и за новооснованата крајно левичарска алијанса Сахра Вагенкнехт (BSW).

Веројатна голема коалиција
Веројатната победа на Христијанско-демократската унија (CDU), која ја претставува демохристијанската опција на федерално ниво, и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), сепак, ќе биде само првиот чекор во формирањето стабилна влада, многу потребна на земјата која се соочува со голем број проблеми, почнувајќи од нерегулирана миграција до проблематична економија и застарена инфраструктура.
Математички гледано и според сегашните испитувања на јавното мислење, CDU/CSU би можеле да формираат влада со SPD, т.н. Голема коалиција која владееше со земјата во неколку наврати, а последната беше под демохристијанската канцеларка Ангела Меркел.
Оваа прогноза е поддржана не само од сличните ставови за многу политички теми, туку и од фактот што актуелниот канцелар Шолц и неговиот предизвикувач Мерц во последно време избегнуваат жестоки напади еден врз друг.
Единствен исклучок беше обидот на Фридрих Мерц да протурка некои антиимиграциски иницијативи во Бундестагот кои добија поддршка од пратениците на AfD, неколку седмици пред изборите. За SPD, но и за неолибералистичката германска јавност, Мерц на тој начин го прекрши ветувањето дека во никој случај нема да соработува со крајно десните партии, нешто за што редовно беше обвинуван во текот на изборната кампања.
Коалицијата меѓу Унијата и Зелените е неизвесна поради големите разлики во ставовите за фундаменталните прашања, како и силниот отпор на баварската CSU, која стави вето на постизборната соработка со Зелените.
Никој не сака да влезе во коалиција со AfD
Во Унијата CDU/CSU не сакаaт по секоја цена да коалицира со AfD, а демохристијаните исто така ја држат оваа позиција кон партиите кои ги сметаат за екстремистички, а меѓу кои, според нив, се и Левицата и BSW.
Незадоволството против миграциските противници, предводено од AfD, беа поттикнати од неколку напади во Германија во кои извршители беа мигранти од Авганистан и Сирија, што го зголеми притисокот врз актуелната влада на Олаф Шолц да започне со воведување мерки од почетокот на есента, вклучително и воведување контрола на сите копнени граници.
Во меѓувреме, постои консензус за потребата од намалување на миграцијата.
Иако SPD и CDU/CSU меѓусебно се обвинуваат за зголемување на илегалната миграција, расте верувањето дека партиите од центарoт мора да соработуваат поблиску, особено за да се намали нерегулираната миграција и со тоа да се намали влијанието на AfD.
„Јасно е дека сите центристички партии мора да соработуваат за да ја спречат AfD порано или подоцна да дојде на власт“, изјави за AfP политикологот Маријана Кноер од Техничкиот универзитет во Дрезден.

Kуп проблеми ја очекуваат новата влада
Мерц рече дека ќе има цел да формира нова влада до Велигден, која ќе се соочува со загрижувачка листа од задачи што би можеле да станат уште поголеми во ерата на зголемени геополитички турбуленции.
Германската економија, на која долго ѝ завидуваше целиот свет, не може да се врати на својата позиција пред пандемијата. Нацијата извозник се соочува со уште повеќе проблеми бидејќи Кина од клучен пазар за германскиот извоз се трансформира во клучен конкурент.
Но, најголемиот предизвик може да дојде од Вашингтон, долгогодишниот главен сојузник на Берлин. Доналд Трамп и за време на првиот мандат не го криеше непријателството кон земјата на своите предци, а настаните на Минхенската безбедносна конференција што се одржа минатиот викенд покажуваат дека САД целосно ѝ вртат грб на Европа, а особено на Германија.
Единствената поддршка која моментално доаѓа кон Германија од другата страна на Атлантикот е поддршката за AfD. Оваа партија беше јавно поддржана од новиот човек на Трамп, Илон Маск, како и неговиот потпретседател ЏejДи Венс.
Германскиот институт за економски истражувања предупреди дека „оваа неизвесност и ескалација на трговскиот конфликт“ може да ја чини германската економија до еден процент од економското производство и да ја продолжи рецесијата за уште една година.
Слични новости
Илон Маск е глобален проблем: Раните денови на обидот за крајно десничарска револуција
Ова се раните денови на обидот на Маск за глобализација на крајно десничарска револуција. Крајно десничарското влијание на Маск се прошири и врз земји кои не ги посетил, а за нив малку зборувал.
Избори на Косово: Курти уверен дека ќе формира нова влада
Албин Курти е убеден дека ќе успее да формира влада. „ Ние сме победници и ова е потврда на добра, просперитетна и демократска влада“, изјави Курти опкружен од приврзаниците во Приштина кои вееја алабански и косовски знамиња.
Маск ризикува да ги одврати купувачите во ЕУ од „Tesla“
Зближувањето на Илон Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, неговата поддршка за европските крајно десничарски партии и нападите врз политиките за различности може да ги одвратат европските купувачи на елекричните автомобили на „Tesla“, сметаат аналитичарите