Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, соопштија од Финансиската полиција, во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

„Иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали“, се појаснува во соопштението.
Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Слични новости
Поради маржи и до 70 отсто, затворени три маркета, аптека и увозници на овошје и зеленчук
Осум правни субјекти, меѓу кои три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук, се соочуваат со затворање во траење од 15 дена поради непочитување на владините мерки за ограничување на маржите. Покрај привременото затворање, овие компании ќе бидат и парично казнети
Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар
Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ кој треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза ќе биде повлечен доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти
Македонија дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра
Министерството за европски прашања ја поздравува одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Република Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона.