Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Пријавениот П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, соопштија од Финансиската полиција, во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

„Иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали“, се појаснува во соопштението.

Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

globe

Слични новости

Димитриеска Кочоска: Македонската економија веќе не е во стагнација

Димитриеска Кочоска: Македонската економија веќе не е во стагнација

Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа. Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот.

Избрани се 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства

Избрани се 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства

Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ Македонија. Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево, не го добил потребниот број на гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени.

Поради маржи и до 70 отсто, затворени три маркета, аптека и увозници на овошје и зеленчук

Поради маржи и до 70 отсто, затворени три маркета, аптека и увозници на овошје и зеленчук

Осум правни субјекти, меѓу кои три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук, се соочуваат со затворање во траење од 15 дена поради непочитување на владините мерки за ограничување на маржите. Покрај привременото затворање, овие компании ќе бидат и парично казнети