Холивудската актерка Скарлет Јохансон откри дека финансисерите на нејзиниот дебитантски филм како режисерка барале од неа да не снима филм за кој се зборува за Холокаустот.

Еден месец пред почетокот на снимањето ја контактирале финансиерите на филмот кои и порачале дека не им се допаѓа сценариото во која главната протагонистка на филмот, Еврејка, лажно тврди дека била жртва на Холокаустот и ја прашале дали може да ја смени темата.

Јохансон за Телеграф изјави дека нивното барање дошло по неколкумесечни напорни подготовки за снимање на филмот и дека таа не попуштила пред барањето да се промени нешто што е самата смисла на нејзиниот филм.

Како што истакна Јохансон, поенатата на филмот е дека некој лаже за најлошата можна работа како што е Холокаустот и за тоа што се случува кога ќе биде фатен во лага.

По нејзиното одбивање да ја смени темата, финансиерите нагло се повлекле, што за актерката било шок и разочарување. Таа рече дека за среќа било пронајдено решение Сони пикчерс да се вклучи како дистрибутер кој го надоместил буџетот, па се продолжило според планот.

Во меѓувреме е најавено дека таа ќе ја игра главната улога во хоророт „Егзорцист“.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година