Кошаркарите на Реал Мадрид и на Олимпијакос ќе играат во големото финале на кошаркарската Евролига во недела во 20 часот во Атина.

Во првото полуфинале Олимпијакос го победи бранителот на титулата Фенербахче со 79:61.

Во второто полуфинале Реал Мадрид беше подобар од Валенсија со 105:90. Најефикасен во шпнакста пресметка беше Марио Хезоња кој постигна 25 коша, а забележа и 7 скокови. 

Ова е 22-ро финале за Реал Мадрид кој досега има 11 европски титули.

 

Слични новости

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа, откако синоќа во финалето во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со резултат 3:0. Разликата во квалитет беше огромна и Фрајбург практично не се ни закани по голот на Астон Вила, која можеше да победи и поубедливо.

Сериозни бонуси за фудбалерите на Арсенал како награда за освоената титула

Сериозни бонуси за фудбалерите на Арсенал како награда за освоената титула

Сопствениците на Арсенал решија да го оврзат кесето и да ги наградат фудбалерите за титулата.
Секој играч на Арсенал ќе добие бонус од 6.000 фунти по натпревар, а надобро ќе поминат Давид Раја и Мартин Зубименди кои ќе заработат по 228 илјади фунти.