Финалето на годинешниот Супербоул – финалниот натпревар во американската рагби лига НФЛ, во живо го следеа 126 милиони гледачи во Америка, покажуваат податоците на комопанијата за мерење на гледаноста Нилсен и интерните податоци на телевизијата Фокс која го емитуваше натпреварот.
Ова е втора година да се урива рекордот на гледаност отако лани финалето го гледаа 123,7 милиони гледачи на Си-Би-Ес.

Фокс соопшти дека финалето постигна рекордна гледаност и на стриминг платформите со 13,6 милиони гледачи на слободната платформа Тјуби и 14,5 милиони на другите дигитални платформи.Бројот на гледачи на Фокс е помал од оној на Си-Би-Ес минатата година, но гледачите на стриминг платофрмите го поставија новиот рекорд на гледаност во живо.
Интересно е дека иако финалето на годинешниот Супербоул не беше возбудливо откако Филаделфија Иглс поведоа со 34:0 кон крајот на третата четвртина, сепак тоа не придонесе за пад на гледаноста.
Публиката не си замина ниту на полувремето, кога свое шоу имаше раперот Кендрик Ламар кој ја отпеа песната „Не како нас“ која годинава освои Греми.
Слични новости
Се урна историска кула во Холандија
Трисетметарската кула беше популарна туристичка атракција. Градоначалникот на Валкенбург, Даан Прево, изјави дека уривањето се случило утрото
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите
Истражувачите заклучиле дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак
Летово постхумно ќе бидат објавени новите песни на Фејтфул
Фејтфул, една од најживописните фигури на таканаречениот „Swinging London“ од 60-те години на минатиот век, се соочуваше во одредени периодот со бездомништво, зависност и рак