Римејкот на „Оркански висови“ на студиото Ворнер Брос се очекува да доминира викендов на Бокс офисот. На претпремиерата во четвртокот филмот заработи 3 милиони долари од продажба на кино билети и се очекува да го заврши викендот со заработка меѓу 40 и 50 милиони долари.

Станува збор за голем успех на Воренер, со оглед на фактот што делото „Оркански висови“ е познато главно на постарата женска популација.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Џејкоб Елорди. Критичарите очекуваат да видат како ќе се однесува публиката кон Маргот Роби во посериозна улога, по онаа со хитот „Барби“.

Слични новости

Британскиот принц Ендру и Вуди Ален на вечера кај сексуалниот престапник Џефри Епстин

Британскиот принц Ендру и Вуди Ален на вечера кај сексуалниот престапник Џефри Епстин

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор заедно со други познати личности присуствувал на интимна вечера со осудениот сексуален претсапник Џефри Епстин, неколку месеци откако Епстин бил пуштен од затвор

Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд

Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд

Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд: Неговата балада „ „Lover, You Should’ve Come Over” влезе на Билборд 100 те жешки хитови. Песната која сега добива на популарност никогаш не била објавена како сингл.