Нетфликс објави дека нивниот филм „Клиф Бут“ ќе ја има премиерата во Ајмакс кината на 25 ноември за Денот на благодарноста и ќе се дава еден месец низ кино салите, пред да биде ставен на глобалниот стример на 25 декември за телевизиските гледачи.

Филмот го режираше Дејвид Финчер според сценариото на Квентин Тарантино. Филмот е продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“, а главната улога повторно ја толкува Бред Пит.

Филмот засега има работен наслов како „Авантурите на Клиф Бут“ но тоа сеуште не е официјалното име на филмот. Филмот „Беше еднаш во Холивуд“ продуциран од студиото Сони со Бред Пит и Леонардо Ди Каприо беше блокбастер во 2019, а го режираше Квентин Тарантино.

 

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.