Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.

Филмот на студиото Универзал заработи 428,5 милиони долари во САД и 571,5 милиони долари на глобалните пазари.

Претходниот филм од франшизата „Супер Марио Брос“ заработи 1,3 милијарди долари на Бокс офисот, и со овие два филма анимираната франшиза стана една од најлукративните во Холивуд со заработка од 2,3 милијарди долари.

Биопикот „Мајкл“ стигна до заработка од 888 милиони долари овој викенд и исто така се приближува до заработката од милијарда долари.  

 

Слични новости

Велика Британија го истражува спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер“

Велика Британија го истражува спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер“

Британската управа за заштита на конкуренцијата и пазарот соопшти дека започна истрага за купувањето на Ворнер од страна на Парамаунт вредно 110 милијарди долари. Истрагата ќе утврди дали трансакцијата би можела значајно да ја наруши конкуренцијата на пазарот на Обединетото кралство, пренесе Телеграф.

„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис

„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис

По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари.