Министерот за правда, Игор Филков, ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска од работната група во Министерството за правда. Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик.
Според Филков, ова го прави со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за реформите во правосудството.
Филков смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки, со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност.
„Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред некој ден. Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани за најголем проблем на судството со најниска оценка. Се отвора можност за слични случаи. Апелирам до сите политички чинители да не го злоупотребуваат за дневно-политички цели. Нема да дозволам неказнивост или недопирливост“, рече Филков на прес-конференција.
Тој беше дециден дека не лоцира одговорност кај судијката за нејзината одлука за претходното сторено кривично дело на возачот Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова во Скопје, на улицата „Партизански одреди“, на 29 јануари годинава. 20-годишниот Јованов возел со брзина од 130 километри на час и во алкохолизирана состојба.
Во досието на возачот стои и дека ова не е негова прва сообраќајна несреќа што ја предизвикал. Во ноември 2022-ра година, полесно повредил пешак, но се спогодиле со оштетената да нема кривично гонење, но да плати 300 евра казна.
Тој не поседува возачка дозвола, а неговото полициско досие открива дека во минатото сторил на неколку кривични дела: недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир, насилство и сторител на повеќе сообраќајни прекршоци за што бил упатен во казнено поправен дом.
Слични новости
Минималната кошница ќе ја формираат сикдикатите, ДЗС, ОПМ и министерствата за финансии и за економија
Не е постигнат договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение
Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за привлекувањето странски инвестиции
Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка