Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите, порачува министерот за правда Игор Филков во честитката што ја упати денеска по повод 31 Март, Денот на македонското правосудство.

Како што наведува Филков, владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција, а правда и одговорност мора да има.
Според министерот, судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого.
„Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда“, наведува министерот во честитката.
Слични новости
Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи
– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор
Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање
Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски