Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара од владата веднаш да побара екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски, а од Будимпешта да го истражи потеклото и текот на парите што од Виктор Орбан стигаа во Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека на изборите во Унгарија се видело дека европските интереси победуваат над Русија и дека победата на Петар Маѓар ја честитала цела Европа, освен нашиот премиер Христијан Мицкоски.
„Владата ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан, не заради интересите на државата и на граѓаните, туку заради свои лични интереси“, рече Филипче набројувајќи ги медиумите, комуникациите, енергетиката, инфраструктурата , кредитите…
„Паниката кај ВМРО е очигледна. Медиумите под контрола на мрежата на Орбан почнаа да ја намалуваат важноста на победата на Петер Маѓар кај нас. Но, вистината доаѓа на виделина. Дојде време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан . Речиси 40 проценти од медиумите тука се под директна контрола на луѓето на Орбан, во служба на ВМРО и Мицкоски, кои се пропаганда машинерија во Македонија за црна кампања, за креирање лажни вести и за ширење антиевропски наративи“, рече Филипче.
Слични новости
Приведени четири лица за убиството во Виница
МВР соопшти дека се приведени вкупно четири лица за убиството кое е извршено во Виница. Привенени се тројца грчки и еден македонски државјанин.
Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.
Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
Почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка.


