Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара од владата веднаш да побара екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски, а од Будимпешта да го истражи потеклото и текот на парите што од Виктор Орбан стигаа во Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека на изборите во Унгарија се видело дека европските интереси победуваат над Русија и дека победата на Петар Маѓар ја честитала цела Европа, освен нашиот премиер Христијан Мицкоски. 

„Владата ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан, не заради интересите на државата и на граѓаните, туку заради свои лични интереси“, рече Филипче набројувајќи ги медиумите, комуникациите, енергетиката, инфраструктурата , кредитите…

„Паниката кај ВМРО е очигледна. Медиумите под контрола на мрежата на Орбан почнаа да ја намалуваат важноста на победата на Петер Маѓар кај нас. Но, вистината доаѓа на виделина. Дојде време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан . Речиси 40 проценти од медиумите тука се под директна контрола на луѓето на Орбан, во служба на ВМРО и Мицкоски, кои се пропаганда машинерија  во Македонија за црна кампања, за креирање лажни вести и за ширење антиевропски наративи“, рече Филипче. 

Слични новости

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од злосторството. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.