Пратеничката група на СДСМ нема да учествува во најновото задолжување на државата, најави партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција претпладнево.

Последното задолжување од 260 милиони евра од повеќе банки, Филипќе  го нарече „брутално“.

 

„Огромни суми, стотици милиони, милијарди евра, пари кои што не одат никаде, освен строго контролирано, во партиските фирми преку тендерските постапки. Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа“, најави Филипче.

Тој го обвини претседателот на собранието, Африм Гаши за кршење на Деловникот.

„Закажува состанок на комисијата за финансирање и буџет, Комисија што ја води нашата пратеничка, Сања Лукаревска. И покрај тоа што е таа тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа Комисија“, додаде Филипче.

 

Слични новости

Филипче демантира дека би влегол во широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Филипче демантира дека би влегол во широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? “

Баритонот Ристе Велков загина во тешка сообраќајна несреќа во која починаа и три млади момчиња

Баритонот Ристе Велков загина во тешка сообраќајна несреќа во која починаа и три млади момчиња

Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на обиколница на Град Скопје, кога возач на камион изгубил контрола и удрил во возило „бмв“ со кое се превезувале три момчиња на 20 години и татко на едно од момчињата.