Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки.

Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.

СДСМ повторно излегува пред граѓаните со јасна определба за промени и враќање на власта таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече, Филипче.

Во своето обраќање, претседателот Филипче подвлече дека денес СДСМ повторно стои пред голема историска и политичка задача – да ја врати надежта, правдата и европската перспектива на државата.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека суштината на новата политичка понуда е нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и еднакви шанси.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати повик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави и да започне со внатрешно прочистување на партијата