Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки.

Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.

СДСМ повторно излегува пред граѓаните со јасна определба за промени и враќање на власта таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече, Филипче.

Во своето обраќање, претседателот Филипче подвлече дека денес СДСМ повторно стои пред голема историска и политичка задача – да ја врати надежта, правдата и европската перспектива на државата.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека суштината на новата политичка понуда е нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и еднакви шанси.

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.