Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека  споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму.

Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба, изјави Филипче пред почетокот на Седмиот конгрес на НСДП.

Додаде дека, исто така, ги повикуваат и сите граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека, како што нагласи, нема иднина во земјата со оваа власт.

 

Слични новости

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие се расправаат, по што таа се јавува некаде.