Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму.
Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба, изјави Филипче пред почетокот на Седмиот конгрес на НСДП.
Додаде дека, исто така, ги повикуваат и сите граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека, како што нагласи, нема иднина во земјата со оваа власт.
Слични новости
Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите
Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.
Претседателот на Швајцарија во посета на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за шверц на дрога
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.


