Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму.
Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури и дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба, изјави Филипче пред почетокот на Седмиот конгрес на НСДП.
Додаде дека, исто така, ги повикуваат и сите граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека, како што нагласи, нема иднина во земјата со оваа власт.
Слични новости
Протест за правосуден испит на албански јазик
Студентите Албанци денеска повторно ќе протестираат со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Протестот следува еден месец по првиот собир организиран пред Министерството за правда и Владата.
Папаставру: Природниот гас од Грција ќе оди во Северна Македонија и Србија
Министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека се проширува вертикалниот коридор на гасоводот со Македонија и Србија, што и дава на Грција геополитичка стабилност.
ВМРО ДПМНЕ тврди дека обвинителите Абази и Коларевиќ намерно ги испуштиле ревизорските извештаи за случајот „мазут“
За донесување на скандалозната одлука за запирање на истрагата за мазутот вреден 167 милиони евра, функционирал тандем обвинители Абази-Коларевиќ, коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција обвини ВМРО.


