Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија.

Филипче во гостување на ТВ Сител рече дека темата за мигрантите ја наметнаа релевантни британски медиуми, а Владата не ги демантирала.

„Зошто не ја потпишуваат нашата декларација, туку даваат друга во која повторно се манипулира со зборовите? Нека ја потпишат декларацијата што ја поднесовме и со тоа ќе ги расчистиме сите дилеми. Ние во ниту еден момент не сакаме да политизираме, ниту да добиеме некакви политички поени, туку сме само сериозно загрижени. Темата за мигрантите ја наметнаа релевантни британски медиуми кои во повеќе наврати кажаа дека постои договор меѓу нашата и британската влада тука да се носат мигранти за пари.

Кога ние го видовме тоа, прво ја прашавме Владата, а кога видовме дека не одговара и почна да не напаѓа и информациите почнаа да излегуваат и во европски и во светски медиуми, тогаш интервениравме со многу чести прес-конференции. Владата во ниту еден момент не одговри, туку ги засили нападите врз мене лично и кон СДСМ, истакна Филипче.

Во предлог-резолуцијата на СДСМ, нагласи партискиот лидер, експлицитно стои дека Македонија нема да дозволи да се носат мигранти или економски работници од Велика Британија.
globe

Слични новости

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ во врска со мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ во врска со мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите

СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“