Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики и сериозни предупредувања дека пензискиот систем се наоѓа во состојба на длабока финансиска нестабилност, која е директно предизвикана од „лошите, непромислени и манипулативни политики“ на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.
„Сведоци сме на една хајка, на бесрамни лаги и манипулации, голем дел дури и од премиерот. Такво политичко лицемерие досега не сме виделе. Обидот премиерот да ја препише кризата што самиот ја создаде и измамата кон пензионерите на СДСМ е нечист потег без преседан“, порача тој.
Филипче нагласи дека власта последниве денови се обидува да ја префрли вината врз СДСМ, злоупотребувајќи го судството и пласирајќи невистини дека наводно СДСМ сакал да ги намали пензиите:
„Ваква лага одамна не сме слушнале. Сакам јасно да им порачам на пензионерите: хаосот во пензискиот систем, неизвесноста околу зголемувањето на пензиите, па дури и ризикот од редовна исплата на пензии, е резултат на лошите политики, лагите и манипулациите на премиерот и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.“
Според него, владините кампањски ветувања и популистички мерки го донеле системот „до работ на одржливост“, со што е доведена во прашање иднината на речиси сите сегашни и идни пензионери.
Слични новости
Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија – 19 литри на квадратен метар, а најмалку еден литар во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчан
Грција: Поплавени патишта, домови и институции
Противпожарната служба доби најмногу повици за испумпување вода и транспорт на луѓе на безбедни места од области на Западна Атика
Владата го реактивира разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски
До крајот на месецот владата ќе го активира разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во Собранието, потврди премиерот Христијан Мицкоски


