Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.
Првата иницијатива се однесува на повикот до европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, бидејќи како што кажа Филипче, не може да се има доверба во институциите на власта коишто се се заштитници на криминалот.
„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра”, рече Филипче.
Втората иницијатива се однесува на формираниот т.н антикорупциски тим на СДСМ кој е во рамките на програмата „Нова сила, а составен од советници, експерти во областа на правото и на финансиите.
„Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира во јавноста, ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции”, рече Филипче.
Додаде дека ова е новата сила на СДСМ што ќе гради европски вредности во Европска Македонија.
„Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали. И ова е нов фронт, фронт заедно со граѓаните во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт”, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Слични новости
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани


