Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска побара целосна, транспарентна и објективна истрага за причините за несреќата во Кочани за враќање на, како што рече, срозаната доверба на граѓаните во институциите на државата.
„Ние сме денеска рането општество. Довербата во институциите е срозена и ако сакаме таа да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден, ниту актуелни, ниту поранешни финкционери или службеници. Тоа не е прашање на политика, туку на вистина и на правда. Трагедијата е преголема за да се дозволи и тронка сомнеж, ако постои и најмала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар врз целото општество. Затоа апелирам до истражните органи, до Обвинителството редовно да се известува ако треба и двати во денот, за да се спречат шпекулации. Потребна е одговорност на секој, на сите нас како граѓани“, рече Филипче по повод големата несреќа што се случи завчера во Кочани, кога во пожар животот го загубија 59 млади лица.

Според Филипче, сега не е време за политички пресметки, туку миг кога во државата треба да се покаже човечност, а не е време за политизирање на трагичниот настан.
„Јас нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме никој да биде поштеден. Како опозиција, будно и интензивно ќе следиме овој процес да оди во правилна насока. Ние сме одговорна и државнотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи кои водат кон расчитување на случајот и идентификување на причините за несреќата“, рече тој.
Како што посочи, ситуацијата налага сплотеност во општеството, и верба во принципите. Тој уште истакна дека секој акт на морална одговорност ќе биде поздравен од СДСМ. Притоа тој уште упати апел до безбедносните служби да следат евентуални насоки, сигнали за прелевање некакви кризи од соседството.
„Тоа на нашето мултикултурно, мултиетничко општество не му е потребно. Трагедиите можат да уништат, но и да зајакнат една нација. Од нас зависи како ќе излеземе од сето ова, како држава што нешто научила и донеле правда или како општество што дозволило ова да се заборави“, рече лидерот на опозицискиот СДСМ.
Филипче ја искористи можноста да искаже сочувство до семејствата на загинатите, на оние кои останале без своите најблиски во трагедијата што ја потресе целата држава.
Како лекар по професија, тој рече дека уште од мигот кога се случи несреќата е во постојан контакт со неговите колеги од Клиничкиот центар во Скопје, притоа уверувајќи ги сите кои имаат повредени и хоспитализирани, дека сите пациенти се максимално добро згрижени, дека се во раце на проверени и докажани лекарски тимови.
Филипче упати и апел до министерот за здравство, Арбен Таравари, да формира мобилни тимови од Клиниката за психијатрија и другите институции како поддршка на семејствата на повредените и загинатите во несреќата.
Слични новости
89 од повредените во трагедијата во Кочани се лекуваат во Македонија, а 76 се транспортирани во странство
Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.
Одреден притвор за 14 осомничени лица за трагедијата во Кочани
Судијата на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан
Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба
Министерството за здравство во понеделникот вечерта ја информираше јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациент