Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека не е планирана средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која денеска е во посета на Скопје, во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан и додаде дека во контекст на евроинтеграциите чекаат да испорача Владата.
Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата е таа, која треба да посочи кој е следниот чекор за продолжување на патот кон евроинтеграциите.
„Ние чекаме државата да тргне напред, еве немаме план, ниту визија, ниту на тоа поле, ништо не се случува изминатите година и половина. Целосно се затвораат кластерите за Црна Гора и мошне е веројатно дека заедно со Албанија до 2029 година ќе станат земји-членки на ЕУ. Владата треба да каже што ќе правиме ние, кој е следниот чекор за ние да го продолжиме патот кон евроинтеграциите“, рече Филипче.
Во однос на престојните локални избори истакна дека се посветени на работа на терен, на ангажирање на сите нивни членови, симпатизери.
„Ја користам оваа прилика да повикам да излезат на гласање в недела, мошне е важно да се излезе на гласање да се зголеми излезеноста. Имаме многу добри кандидати, сметам дека сме апсолутни фаворити во сите општини, а стратегиите за вториот круг ќе ги правиме од понеделник натаму“, изјави Филипче.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


