Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија.
По започнатата петиција, СДСМ најавува дека до Собранието ќе поднесат резолуција за заштита на државните интереси. Доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржат, партијата најави одржување голем народен протест.
Филипче изјави дека е „очигледно“ оти договор за мигрантите постои, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише бидејќи тоа е поврзано со добивањето на кредитот од шест милијарди евра. Тој тврди дека буџетот има недостиг од една милијарда евра до крајот на годината.
Филипче најави дека неговата партија овие денови ќе ја подготви и ќе ја достави резолуцијата до Собранието и ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат.
„Дали Македонија, земја која не може да исплати плати, да одржи базичен ред дома, може да се справи со ваков наплив на мигранти? Дали економски ова може да се издржи? Затоа ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат резолуцијата. Така ќе избегнеме ‘мислевме, рековме, кој лаже, кој не лаже’. И тоа ќе биде доволно, а не да им веруваме на празните зборови, туку да има потписи“, рече тој.
Слични новости
Гордана Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото
Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова
Kривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
Нови протести на земјоделците во Грција, повторно блокада на Евзони
Денеска грчките земјоделци најавија дека за време на нивниот штрајк повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони. Блокадата на граничниот премин за влез и излез од Македонија кон Грција е најавена од 12-16 часот и од 18-22 часот по локално време.


