Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.

„За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките од кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба“,  напиша Филипче.

Според него, сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе.

„Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден“, објави Филипче. 

globe

Слични новости

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се докомплетира законската легислатива за воздухот

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се докомплетира законската легислатива за воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проектот со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитетот на воздухот со европските регулативи, објави Министерството за животна средина и просторно планирање

Симулациска вежба за сајбер напад, заради поголема дигитална безбедност на институциите

Симулациска вежба за сајбер напад, заради поголема дигитална безбедност на институциите

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан“, организираше напредна симулациска вежба базирана на сценарио за сајбер напад. Овој настан има за цел да ја зголеми свеста за сајбер заканите и да го зајакне капацитетот на Владата за управување со сајбер кризи

Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст, утре ќе се носат измените на законот за инспекциски надзор

Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст, утре ќе се носат измените на законот за инспекциски надзор

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, сега треба да се одржи амандманска расправа на Комисијата за политички систем и и да биде разгледан на Законодавно-правната комисија