Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Toj на денешната прес конференција предупреди дека власта не сака да ја потпише Резолуцијата против мигранти, чекајќи ги изборите за потоа да ги смести во станови и да им даде вработување.

 

„Избори се планирани за пролет, и по моделот на Вучиќ е „ќе има литиум, нема да има, сепак ќе има“ по изборите, Мицкоски сега со истата техника сака да го протне проектот „Мигранти за пари“. Сака да му замачка очи на народот да го изврши ова страшно дело, за по изборите да си добие уште четири години власт, за да има време да ги избрише трагите на една од најголемите измами што граѓаните на Македонија ја доживеале во својата историја“, рече Филипче.

Неговата партија вчера почна петиција „за одбрана на Македонија“ во контекстот на најновата тема – можното префрлање мигранти од Велика Британија во земјава.

globe

Слични новости

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите

СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“