Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики.
„Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче.
Смета дека на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем.
„Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми. Има директори коишто се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките“, посочи Филипче.
Филипче истакна дека хаосот во здравствениот сектор најдиректно ги погодува пациентите, кои се соочуваат со долгoчекани термини и недостиг на лекови.
„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките. Беа многу критикувани формите на т.н. реверс – но тоа е систем којшто секогаш обезбедуваше лекови за нашите пациенти“, посочи тој, истакнувајќи дека последиците од нефункционалниот систем се фатални.
„Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија“, предупреди Филипче.
СДСМ бара итна реакција од Владата и Министерството за здравство, со цел да се заштитат пациентите и да се спречат поголеми штети во здравствениот систем.
Слични новости
Таравари: Факт е дека има мито во здравството, ги охрабрувам сите кои имаат докази да пријават
Министерот за здравство Арбен Таравари ги охрабрува сите кои имаат докази и инфорамции да пријават мито во Министерството за здравство, кај него, во полиција или кај директорите во болниците
Финансиската полиција поднесе кривична за даночно затајување од 13 милиони денари
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело даночно затајување по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик
Низа финансиски малверзации на Клиниката за дерматологија, утврдија ревизорите
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за дерматологија на сметката за 2023 година