Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики.
„Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче.
Смета дека на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем.
„Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми. Има директори коишто се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките“, посочи Филипче.
Филипче истакна дека хаосот во здравствениот сектор најдиректно ги погодува пациентите, кои се соочуваат со долгoчекани термини и недостиг на лекови.
„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките. Беа многу критикувани формите на т.н. реверс – но тоа е систем којшто секогаш обезбедуваше лекови за нашите пациенти“, посочи тој, истакнувајќи дека последиците од нефункционалниот систем се фатални.
„Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија“, предупреди Филипче.
СДСМ бара итна реакција од Владата и Министерството за здравство, со цел да се заштитат пациентите и да се спречат поголеми штети во здравствениот систем.
Слични новости
Забележан пад на каматите на кредитите, а раст кај депозитите
Во декември 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 5,30% и остварила месечен и годишен пад од 0,06 п. п. и 0,17 п. п. , соодветно.
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.
Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, вели Мицкоски
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали таа ќе изнесувала над 500 евра, истакна дека иако на Владата најмногу би ѝ одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците