Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики.

„Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче.

Смета дека на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем.

 

„Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми. Има директори коишто се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките“, посочи Филипче.

Филипче истакна дека хаосот во здравствениот сектор најдиректно ги погодува пациентите, кои се соочуваат со долгoчекани термини и недостиг на лекови.

„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките. Беа многу критикувани формите на т.н. реверс – но тоа е систем којшто секогаш обезбедуваше лекови за нашите пациенти“, посочи тој, истакнувајќи дека последиците од нефункционалниот систем се фатални.

„Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија“, предупреди Филипче.

СДСМ бара итна реакција од Владата и Министерството за здравство, со цел да се заштитат пациентите и да се спречат поголеми штети во здравствениот систем.

globe

Слични новости

Во Скопје е приведена жена која вчера прегази пешак и избега без да му укаже помош

Во Скопје е приведена жена која вчера прегази пешак и избега без да му укаже помош

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода 42-годишната С.В.М. која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот

Од понеделник оперативни средствата од унгарскиот заем за компаниите

Од понеделник оперативни средствата од унгарскиот заем за компаниите

Владата ги усвои договорите, се чекаат уште последните мислења кои сметам дека заклучно со денеска ќе бидат завршени и веќе од понеделник Развојната банка со комерцијалните банки може да потпишува договори, а економските оператори како клиенти да ги користат, рече во петокот премиерот Христијан Мицкоски

Со протест во Скопје граѓаните побараа правда за Фросина и сите жртви од сообраќајни незгоди

Со протест во Скопје граѓаните побараа правда за Фросина и сите жртви од сообраќајни незгоди

Граѓаните кои беа на мирниот собир запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви од сообраќајни незгоди.