Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството. На некој начин таа изјава е оксиморон односно со партиски протести ќе се борат против наводно партизирано судство и нема поголем доказ дека крајната цел е само партизација.

Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан “ изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој вели дека тој лично нема намера да стои во одбрана на одредени личности, но доколку се организираат такви протести, оценува дека ќе се стопи и онака ниската доверба од 2 отсто во судската власт.

Филипче вели дека го разбира огромниот гнев кај граѓаните, но предупредува дека потезите на власта се недемократски.

Решенијата за реформи во правосудството се подготвени и се ставени на маса, Тие се работени заедно со претставници на Европската унија, преточени во Реформската агенда и Планот за раст кој го подготвуваше владата на СДСМ, а го потпиша премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Брисел, изјави Венко Филипче.

 

Слични новости

Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол

Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол

Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Асмир Јахоски од синоќа во затворот во Шутка, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на обвинителкството

Асмир Јахоски од синоќа во затворот во Шутка, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на обвинителкството

Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд вчера на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари.

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него