Лидерот на СДСМ Венко Филипче негира дека она што сакал да го каже е дека на владата и нуди широка коалиција.
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, напиша Филипчер на Фејсбук.
Филипче вчера го повика премиерот Христијан Мицкоски заедно да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин.
Слични новости
Четврток и петок сончево, викендов дождливо
УХМР прогнозира дека времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има слаб локален дожд. Максималната температура ќе се движи од 20 до 30 степени.
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија, објави Муцунски
Европската комисија (ЕК) става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора


