Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство.

Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата.

Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси.

„Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост“ нагласи Филипче.

Слични новости

Обвинение за поткуп на инспектори во случајот „Пулс“

Обвинение за поткуп на инспектори во случајот „Пулс“

Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог за шест други лица за сомневања за поткуп, злоупотреба на службената положба, оддавање службена тајна и фалсификување службени исправи.

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места што беа отворени на територијата на Македонија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија