Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство.
Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата.
Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси.
„Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост“ нагласи Филипче.
Слични новости
СДСМ: Цените растат, минималната плата останува 26.000 денари
Опозицискиот СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски не презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, додека трошоците за живот и цените продолжуваат да растат.
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче две недели не ги објавува најавените анкети
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека две недели не ги објавува анкетите што ги најавил, а кои, според партијата, требало да покажат раст на рејтингот на СДСМ и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонија слаб интерес за претседателските избори во Бугарија
Само 265 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во Бугарија на седум определени гласачки места низ земјата.


