Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го номинира д-р Александар Трајановски за потпретседател на партијата.
Вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на СДСМ, на кој Филипче најави дека ќе соопшти дел од неговите планови за кадровски и политички промени во партијата.
Филипче побара трпение од членовите и од симпатизрите, зашто, како што рече, овој процес се води внимателно.
„ Исклучително посветен човек на партијата, човек кој имаше одлична кампања, привлече многу внимание и мислам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на партијата“, рече Филипче зa Трајановски.
Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Д-р Трајановски е член на Извршниот одбор на СДСМ.
Оваа промена доаѓа по оставката на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, која беше поднесена во очи на вториот круг од локалните избори.
Филипче денеска на прес конференција негираше дека понудил место на некој бивш градоначалник и дека бил одбиен. Тој ги оцени како кафански муабети шпекулациите кои деновиве кружат во јавноста.
„Нема никакво раслојување, навистина има единство“, одговори Филипче на прашањето дали има поделби во СДСМ.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


