Лидерот на опозициската партија СДСМ Венко Филипче на X мрежата напиша статус на кој го коментира индектот за Слобода на медумите, Репортери без граници каде Македонија бележи пад од три места.

„Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници. Сега сме во групата земји со „проблематична состојба“. Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки за ЕУ – слобода на медиуми.

Регираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека Филипче се смета за кредибиен да говори за слободата на медиумите,  а од друга страна  немало медиум, портал и новинар со кого не се скарал.

 Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, Зоран Башановиќ, кон медиумите е крајно арогантен, срамен и во одредени случаеви и безобразен.

 Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надоле ќе одиме, стои во реакцијата на партијата на власт.

 

 

Слични новости

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.