Камерунскиот центар Џоел Ембид сезонава за прв пат одигра добро и постигна 39 коша и 10 скокови во победата на Филаделјфија против Индијана 115:105.

Своја најдобра партија во дресот на Филаделфија сезонава имаше и ветеранот Пол Џорџ кој постигна 23 поени, а во тимот на Филаделфија не настапи нивниот најдобар стрелец Тајрис Макси.

Ембид се мачи со повреди изминатите две сезони и неговиот просек е 18,2 поени по натпревар. Сезонава настапи на 10 натпревари за Филаделфија, која со него на теренот има скор од 6 победи и 4 порази.

Кај Индијана која лани играше во финалетот на Источната конференција најдобар поединец беше Паскал Сијакам со 20 коша.

Слични новости

Тотенхем со понуда за Семењо во зимскиот преоден рок

Тотенхем со понуда за Семењо во зимскиот преоден рок

Тотенхем е подготвен да плати 65 милиони фунти на Борнмут, колку што е откупната клаузула за напаѓачот од Гана Антоан Семењо и е подготвен да му понуди услови според кои би бил еден од најплатените фудбалери во клубот.

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.