Филаделфија направи големо изнендаување откако го победи фаворизираниот Бостон на гостински терен со 111:97. Клучен за победата на Филаделфија беше рукито Еџкомб кој постигна 30 коша и имаше 10 скокови, а Тајрис Макси додаде 29 коша за Филаделфија.

Бостон постојано заостануваше и ја бркаше предноста на гостите. Џејлен Браун даде 36 коша за Бостон, а Тејтум 19 коша и 14 скокови.

Бостон шутираше затројка под 40 насто и имаше и 13 загубени топки.

По натпреварот Џејлен Браун изјави дека ова е плеј оф и дека ништо нема да ви биде подарено. Следните два меча од серијата се играат во Филаделфија.

Слични новости